Промени тема
Контакт

„Среќен небесен роденден, мое ангелче“ – потресна порака од таткото на Надица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryhf0l4hdrthvu6xNLkDe

На денот кога требаше да има смеа, свеќички и планови за иднината, домот на семејството Наунов е исполнет со тишина и болка. Александар Наунов, таткото на Надица – една од загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ – со емотивна порака ѝ го честиташе нејзиниот роденден, кој првпат го дочекува без неа.

— реклама —

„Денес требаше да славиме со смеа, со свеќички и со соништа за иднината. Наместо тоа, ти го честитам твојот прв небесен роденден – со солзи, со тишина и со љубов што никогаш нема да згасне“, напиша Наунов.

— реклама —

Во својата исповед, таткото вели дека Надица засекогаш ќе остане негово дете, негова гордост, но и негова најголема болка и најсветла светлина. Иако физички ја нема, како што вели, ја чувствува во секој здив, во секоја солза и во секое чукање на срцето, верувајќи дека денес ангелите ѝ пеат, а таа ги гледа од небото со својата насмевка.

— реклама —

„Тато те сака бескрајно. Родендените ќе болат, но љубовта кон тебе ќе живее вечно“, стои во пораката што ги трогна граѓаните и повторно ја отвори раната од трагедијата што однесе млади животи.

— реклама —

Пораката завршува со зборови што ја отсликуваат болката на родител кој загубил дете, но и љубовта што не познава крај: „Среќен небесен роденден, мое ангелче“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 3 дена

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 5 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања