Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ССМ со иницијатива: Намалување на функционерските плати за 80%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2usa516otu319IXcNE8

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%.

„Член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се менува и гласи:

— реклама —

„Основица за пресметување на платата на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката е минималната плата во Републиката, според податоците на Државниот завод за статистика.“

— реклама —

Дополнително, коефициентите за утврдување на надоместокот на плата и на плата утврдени во Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се намалуваат за 40%.

— реклама —

Ова значи за 80% намалување на функционерските плати.

Врз основа на Уставното право, оваа законска иницијатива Сојузот на синдикатите на Македонија ја темели на принципите на еднаквост, недискриминација и правна сигурност за сите граѓани содржани во Уставот како највисок акт во државата, како и во меѓународните трудови стандарди, Европската социјална повелба, Универзалната декларација за човековите права и други меѓународни документи.

За да бидат граѓаните на Македонија еднакви пред националните закони, како и за да бидат еднакви според и пред меѓународните акти и принципи, потребно е појдовната основа за градење на платите на сите работници и граѓани во нашата држава да биде еднаква. Во конкретниот случај треба да се поаѓа од висината на минималната плата како основица за пресметување на сите плати, затоа што анализите на Владата и анализите на Работодавачите, за разлика од анализите на ССМ, покажале дека вредноста на минималната плата е доволна за да ги задоволи елементарните потребите на граѓаните, па оттука и имајќи го предвид горенаведеното ССМ се залага и инсистира на еднаков третман на сите плати во државата и смета дека е потребно да се измени горенаведениот член 11 и основицата за пресметка предвиден во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

ССМ заедно со Владата на државата во 2023-та година потпишаа и предвидоа во Општ колективен договор за јавен сектор во кој се поаѓаше од просечната плата како основица за градење на платите на вработените во јавниот сектор, поаѓајќи токму од законското решение за платите на функционерите, избраните и именуваните лица, но Владата како потписник на истиот и спротивно на Закон и без оправдани причини не го почитува Општиот колективен договор за јавниот сектор и не ги уреди платите на вработените на овој начин, а дополнително бара и укинување на ваквото право на работниците“, велат од ССМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 4 седмици

media-librarymr9c53rbouhsd6lwXEt

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybnpkbu9964pl0P4v12W

Трендафилов од протестот: Работници гинат на своите работни места, никој не презема ништо за нивна заштита

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања