Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ССМ утре со блокада пред Стопанска комора, Организација на работодавачи и Бизнис-конфедерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryepes0qlc9721dvZO8KL

Раководството на Сојуз на синдикати на Македонија на денешната прес-конференција обелодени дека утре во 12 часот ќе започнат со блокадата на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата.

„Втората фаза започнува утре со блокада на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската комора во 12 часот. Да не се грижат. Повторно, ќе бидеме 21 претставник на синдикатот, онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Работниците нема да дозволиме да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да им мрзнат на владата на улица, само за да ги блокираат, како што овие ги блокираат работниците некои 36 години, некои 2 години, некои 1 година. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не можат да ги задржат. Ќе блокираме газди кои се исплашија од нападите на владата и на политичките партии, на работниците и на синдикатите. Ќе блокираме газди сè додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за 6000 денари. Ги повикувам работниците кои можат, кои ќе поминуваат да ни се придружат макар и на 5 минути, затоа што другите не бројат и тие мислат дека овие блокади кои се таргетирани и наменски се со по 21 човек на улица, само за да им покажеме дека не ни се потребни оние 12 000 луѓе да ги блокираат кои излегоа на 28 јануари и со нас, но по завршување на блокадите, ќе повикаме на голем работнички протест на кој ќе организираме превоз од сите градови, на кој ќе дадеме шанса на сите работници, протест кој ќе биде организиран во неработен ден, за да излеземе многу повеќе од 21 човек на улица пред да го организираме генералниот штрајк во јавниот и во приватниот сектор, доколку и понатаму продолжат со игнорантскиот однос“, вели Трендафилов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymr9c53rbouhsd6lwXEt

Трендафилов со повик до работниците: Трудот на Први мај вреди 250%, пријавете во ССМ ако не ви платат

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybnpkbu9964pl0P4v12W

Трендафилов од протестот: Работници гинат на своите работни места, никој не презема ништо за нивна заштита

Македонија | пред 1 седмица

media-library6dboi0m9tr4gdEzqJw0

Започна првомајскиот протест на ССМ, работниците на улица: „За плата се бориме, не се молиме“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања