Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Станбена криза ја тресе Шпанија: Владата предлага забрана за принудни иселувања до 2030 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarylcjm4tt3m5mh5GYpwUY
фото: unsplash

Станбената криза во Шпанија ја натера владата да предложи нов пакет мерки со кои би се ограничиле принудните иселувања и би се регулирал пазарот на недвижности. Мерките, меѓу другото, предвидуваат забрана за принудно иселување до 2030 година и ограничувања за купување станови од страна на инвестициски компании.

Одлуката следува по масовните протести во повеќе шпански градови, како и по случајот со 87-годишната Мариармен Абаскал од Мадрид, која минатата недела била принудно изнесена од својот дом на носила и пренесена во болница.

— реклама —

Станот во кој живеел нејзиниот татко првпат го изнајмил во 1956 година. Откако недвижноста во 2018 година ја презела инвестициска компанија, киријата била зголемена над износот на нејзината месечна пензија. Иако подоцна бил постигнат начелен договор таа да се врати во домот, случајот предизвикал силни реакции во јавноста и протести во Мадрид, Барселона и други градови.

Владата предводена од премиерот Педро Санчез усвоила две уредби кои веднаш стапуваат во сила, но во рок од 30 дена треба да добијат потврда од парламентот.

— реклама —

Пакетот предвидува забрана за принудни иселувања до 2030 година, автоматско продолжување на договорите за закуп до 2028 година, забрана инвестициските компании да купуваат станови, како и построги правила за краткорочно изнајмување и изнајмување поединечни соби. Според проценките, мерките би можеле да опфатат повеќе од пет милиони луѓе.

— реклама —

Министерката за домување Изабел Родригез ги повика политичките партии да ги поддржат уредбите во парламентот.

Сепак, нивното усвојување може да биде неизвесно, со оглед на тоа што станува збор за малцинска влада, а десничарските и центристичките партии во април веќе го блокирале претходниот обид за продолжување на договорите за закуп.

— реклама —

Според проценките на Банката на Шпанија, во земјата недостигаат околу 700.000 станбени единици за да се задоволи актуелната побарувачка.

Во меѓувреме, официјалните податоци покажуваат дека цените на недвижностите во вториот квартал од 2026 година пораснале за 12,2 отсто на годишно ниво. Трошоците за закуп во изминатата година се зголемиле за 8,5 отсто, додека во Мадрид растот достигнал 9,7 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 3 дена

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 6 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања