Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Стапија на сила царините што Канада ги воведе за увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
kanada

Канада воведе царини за Соединетите Американски Држави кои се однесуваат на увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари (17,2 милијарди евра), соопшти канадското Министерство за финансии.

— реклама —

Новите царини се однесуваат на речиси 700 американски производи, по стапки во распон од 15 до 50 отсто. Воведените царини се однесуваат на производи од челик и алуминиум, како и на земјоделска опрема и производи за домаќинство, како што е тоалетната хартија, пренесува CBC.

— реклама —

Одлуката на Канада уследи откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50 отсто на канадската стока, како и по неуспехот на трговските преговори.

— реклама —

Претседателот на Канадската федерација на независни бизниси (CFIB), Ден Кели, која претставува повеќе од 100.000 мали и средни претпријатија низ земјата, изјави дека најновата ескалација во трговската војна кај некои од нејзините членови предизвикува чувство како владата нивните бизниси да ги прогласила за потрошен материјал, бидејќи поради воведувањето на царините од САД ќе поскапат материјалите што се увезуваат од таа земја.

„Тие се чувствуваат како топовско месо во трговската војна со Соединетите Држави. Тоа не е добро чувство. Претходните рунди (царини) влијаеја на големи стоки и работи како автомобилите. Оваа рунда е насочена кон моите членови, сопствениците на мали и средни претпријатија низ Канада, кои моментално се во навистина тешка состојба“, рече Кели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку седум загинати во голем пожар во канадска воена база, десетици повредени

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library77lonlb976v482h68Gz

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Свет | пред 6 дена

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Катастрофален пожар во воена база во Канада, има загинати и повредени

Свет | пред 6 дена

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Полицаец ранет во престрелка пред синагога во Канада

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања