Промени тема
Контакт

Стартува јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2024-10-10-at-15.23.16_dbd086aa

Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година.

Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки како и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.

— реклама —

Финансиските средства за повикот се од Буџетот на Општина Центар во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.

— реклама —

Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар во Барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во периодот од 15 октомври до 1 ноември 2024 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден - прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар.

— реклама —

Повеќе информации за условите и критериумите заинтересираните можат да најдат на следниот линк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања