Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Стефан Богоев недостапен, телефонот исклучен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library98bi7435cf48aEN4pVj

Телефонот на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е исклучен, а тој е недостапен за коментар, што дополнително ги засилува неофицијалните информации дека е меѓу лицата опфатени во денешната акција на Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Како што веќе објави Скопје1, според првичните неофицијални информации, во акцијата се опфатени четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со тендерска постапка во Царинската управа. Меѓу нив, според истите информации, е и Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за Скопје1 потврдија дека се спроведува акција, но без да откријат идентитети.

— реклама —

Според досегашните информации, осомничените се поврзуваат со наводни злоупотреби, финансиски малверзации и незаконитости при спроведување постапка за јавна набавка во период кога Богоев бил директор на Царинската управа.

— реклама —

Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали за предметот, а се очекува во текот на денот Финансиската полиција и Обвинителството да излезат со официјални информации за акцијата и за сомнежите што се предмет на истрагата.

media-library46b2hr24ito23TJYncx

Неофицијално: Финансиската полиција го приведе Стефан Богоев, истрага за тендер во Царина

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е меѓу четирите лица опфатени во денешната акција на Управата за финансиска полиција, дознава Скопје1. Неофицијално, тој е приведен.Акцијата се спроведува во координација со Основното јавно обвинителство, а според првичните информации, се однесува на сомнежи за местење тендер и незаконитости во постапка за јавна набавка поврзана со Царинската управа.Според информациите, осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и друг

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4v6m45aoebbc3YQiAW8

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ – прва изјава на Богоев по излегување од ќелија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев излегува од притвор, Судот прифати гаранција од 55.000 евра

Македонија | пред 2 седмици

media-library6ugq61aap6o06nwrI8s

Жалбата на Стефан Богоев за притворот сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода и да се брани, но не била прифатена

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања