Промени тема
Контакт

Штетите од невремето ќе бидат рефундирани согласно закон, граѓаните нема да останат сами, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library602hdj77tado4JcsB29

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од силното невреме што го зафати Скопје и најави дека штетите ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури.

Одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе останат сами да се снаоѓаат со материјалната штета, Мицкоски рече дека институциите веднаш реагирале.

„Никогаш оваа влада не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш по невремето излегоа на терен и заедно со институциите во нивна надлежност ги санираа штетите. И денеска ќе продолжат, бидејќи станува збор за епско невреме“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека по проценката на штетите ќе следува постапка за нивно обештетување.

— реклама —

„Штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуството од минатото и праксата, од страна на надлежните институции сето тоа ќе биде рефундирано. Има механизми за помош. Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“, рече премиерот.

На новинарско прашање за поплаките на дел од вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ дека не добиваат редовно плата, Мицкоски рече дека нема такви информации.

— реклама —

„Јас немам до мене таква информација дека вработените во „Паркови и зеленило“ не ја добиваат навремено платата“, изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје | пред 1 месец

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 1 месец

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања