Промени тема
Контакт

Стојаноска: Џафери се изживува со пратениците, недолично довикува и го злоупотребува микрофонот на претседателското место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dafina-Stojanovska

Пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието на Република Македонија за интерпелација на спикерот Талат Џафер говореше за неговото раководење и рече дека ако се спореди, тоа е една чаша која постојано е преполна, прави секојдневни грешки и со секој ден ѝ докажува на македонската и светската јавност колку може да биде пробиено дното.

— реклама —

- Немоќта да се усвои дневен ред во цели два дена ја извади на виделина сета неспособност и кршење на деловникот или докажување дека панично се направиле катастрофални и почетнички грешки од страна на еден долгогодишен пратеник, а за некого и најуспешен претседател досега. Така, кон крајот на првиот ден од нашата активна блокада и првиот ден од започнувањето на новата 71 седница сакајќи да нѐ изигра, спикерот се повика на еден член од Деловникот кој се однесува на расправа за закони и амандмани и други акти под надлежност на Собранието и кој вели дека ваква расправа може да се заклучи, а за гласање може да се определи ден и час кога Собранието би се изјаснило. Џафери сакаше да прескокне гласање по предлог за измена на дневен ред повикувајќи се на овој член. Ова беше премногу почетничка грешка за еден вака искусен и успешен претседател бидејќи нели, немаше како да се премине на следен предлог за измена на дневен ред ако претходно немаше произнесување.

— реклама —
— реклама —

Бидејќи не се работеше за усвоен дневен ред и за започната седница со работа, туку бевме на усвојување на дневен ред. Самиот се збрка во сопствените маневри и беше приморан тука и веднаш да го прекине првиот ден кој заврши без усвоен дневен ред. – додаде Стојаноска.

— реклама —

Таа рече дека целиот ден Џафери се изживувал врз пратениците на опозцијата, довикувајќи недолични работи и злоупотребувајќи го неговиот вклучен микрофон за да се обраќа како на излет во планина, а не како претседател кон колешки и во Собрание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања