Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Студен бран и снег за викендот: Значителен пад на температурите низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
skopje-sneg-2022-2

Постепена промена на временските услови повторно се очекува за време на претстојниот викенд, во сабота и недела, 17 и 18 јануари 2026 година, информира „Метео аларм“. Територијата на Македонија повторно ќе се најде под влијание на значително постуден и влажен воздушен бран кој ќе продира од исток и североисток.

— реклама —

Во такви услови, температурите ќе забележат поизразен пад, а особено во недела, на 18 јануари, кога повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Најсилни удари на ветерот се очекуваат долж Повардарието.

— реклама —

Истовремено, облачноста ќе се зголеми, а на повеќе места ќе има повремени локални врнежи. Во пониските предели и во градовите се очекуваат врнежи од дожд и снег, додека во повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег. Таму се очекува формирање на нова снежна покривка, како и зголемување на веќе постојната.

— реклама —

Во Скопје и околината, во истиот период, ќе има повремени и локални слаби врнежи од дожд и снег. Во недела, 18 јануари, и во главниот град повремено ќе дува умерен до засилен северен ветер.

— реклама —

Утринските температури за време на викендот ќе бидат значително пониски, особено во недела, кога ќе се движат во интервал од -6 до 4 степени. Ниските температури ќе продолжат и во текот на денот, со максимални вредности од -2 до 6 степени Целзиусови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време, попладне можен локален дожд со грмежи

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Променливо облачно и топло, локално невреме во попладневните часови

Македонија | пред 1 месец

IMG_4715

Подгответе се за нестабилно време: Локално се очекува град и засилен ветер

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања