Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Студентите и оваа година ќе добиваат 840 денари неделно за оброк: Пријавувањето почнува на 26 август

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги исполнуваат условите повторно ќе можат да го користат правото на субвенциониран студентски оброк. Министерството за образование и наука го објави јавниот повик, а пријавувањето ќе се одвива електронски.

Право на финансиската поддршка имаат државјани на Македонија кои се редовни студенти на прв или втор циклус студии, како и студенти на интегрирани студии на државните и приватните високообразовни установи. Еден од условите е студентот да нема месечни приходи, по кој било основ, повисоки од минималната нето-плата во државата за тековната година.

— реклама —

Пријавувањето за тековните студенти, како и за оние кои ќе стекнат статус на студент во академската 2026/2027 година, ќе трае од 26 до 31 август 2026 година. Кандидатите треба електронски да ја пополнат и потпишат пријавата, како и изјавата за точност на податоците, а потоа документите да ги прикачат во електронската апликација.

— реклама —

Студентите кои нема да го остварат правото со овој повик или подоцна ќе го изгубат поради неисполнување на условите, ќе имаат можност повторно да аплицираат од октомври. Пријавувањето ќе биде отворено од 1 до 5 во секој месец од академската година, доколку повторно ги исполнуваат критериумите.

Субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари дневно и може да се користи од понеделник до сабота за купување приготвена храна. Доколку средствата не се искористат во текот на неделата, ќе останат достапни на сметката до сабота.

— реклама —

Исплатата ќе се врши преку Шпаркасе банка АД Скопје, а студентите кои ќе го добијат правото ќе треба да склучат договор со банката за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка. Ова ќе важи и за студентите кои претходно немале сметка во банката.

Од МОН дополнително ќе ги објават информациите за рокот и начинот на подигнување на картичките. Средствата ќе почнат да се исплаќаат во месецот по завршувањето на месецот во кој студентот аплицирал и го стекнал правото.

Дополнителните информации за условите и начинот на аплицирање се достапни во јавниот повик на МОН, а студентите за прашања можат да се обратат до Секторот за ученички и студентски стандард или на електронската адреса наведена во повикот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Јаневска ветува зголемување на студентскиот оброк, студентите чекаат детали

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryd35q18jc2luh2nmJVcy

Студентскиот оброк од 3.500 на 4.500 денари преку М-Услуги, но парите да се трошат за храна, а не за алкохол и цигари, предлага Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Ваучери за храна наместо пари, предлог на Министерството за образование за студентскиот оброк

Македонија | пред 2 дена

media-library5bu5me34s6ja2yMsCbq

Амандман за повисок студентски оброк: се предлага да се зголеми од 140 на 200 денари

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања