Промени тема
Контакт

Студентите ќе имаат бесплатен превоз во 2025 година, кажа Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
1-1

Студентите во главниот град ќе имаат бесплатен јавен превоз во 2025 година. На денешната седница, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП - Скопје, информираа на прес конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа“, рече премиерот Мицкоски, додавајќи дека бесплатниот јавен превоз, ќе им овозможи на студентите поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој.

Министерката Јаневска рече дека во изминатите 6 месеци министерството интензивно комуницираше со студентите околу нивните потреби и беа прифатени повеќе нивни барања.

— реклама —

„Овозможивме бруцоши да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Во 2025 година, или ќе се прошири опфатот на оваа мерка со вклучување на оние кои се вработени на половина работно време, или пак, ќе се зголеми износот на дневниот надоместок. Тоа ќе одлучиме заедно со студентските организации“, додаде министерката.

— реклама —

Годинава беше овозможено за стипендиите за втор циклус на студии во државата, да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии. Навремено беа исплатени ученичките и студентските стипендии за тековната учебна, односно академска година, за разлика од минатото кога доцнеа повеќе од половина година.

Јаневска потсети и дека беа олеснети постапките за аплицирање и за остварување на правото на стипендија. Учениците и студентите повеќе не доставуваат хартиени договори во МОН, ниту пак, министерството доставува хартиени решенија. Процесот за прв пат се одвиваат целосно електронски.

— реклама —

Јаневска информираше дека за 2025 година е обезбеден за 18% поголем буџет за студентски стандард споредбено со годинава и ќе изнесува 30 милиони евра. Ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, како и изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym306f0f4041420CA2Gg

30 училишта добиваат нови услови за спорт и физичко образование, проектот вреди околу 3 милиони евра

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Македонија | пред 6 дена

media-librarykicis3nk0rrd4x2UCGC

Промовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архив

Македонија | пред 1 седмица

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие“, велат од МОН

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања