На новинарско прашање кога очекува да заврши реновирњето на студентските домови, министерката Весна Јаневска изјави дека домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ треба да бидат подготвени за прием на студенти од 1 октомври.
„Очекувам двата студентски дома да бидат подготвени и студентите да можат да влезат во „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ веќе од 1 октомври. Очекувам и до септември да ги почнеме сите други студентски домови во Македонија и во исто време да ги реконструираме и реновираме“, изјави Јаневска.