Промени тема
Контакт

Судијката Диана Груевска-Илиевска: Нулта толеранција за недисциплина на рочиштата за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library2bhr9llnj04heZYiCmq
YouTube/Print Screen

Судијката Диана Груевска-Илиевска уште на самиот старт на првото рочиште за случајот „Пулс“ стави јасно до знаење дека процесот ќе се води строго, дисциплинирано и без простор за одложувања. Пред полната судница во КП Идризово таа го претстави составот на судечкиот совет – нејзиниот колега Ахмед Идризи како втор судија и четворица поротници, од кои еден резервен – со цел да нема прекини во постапката.

— реклама —

Груевска-Илиевска од почеток предупреди дека ќе има нулта толеранција за нарушување на редот на рочиштата и дека сите учесници мора да се придржуваат до правилата.

„Прво што ќе бараме е дисциплина. Прво ќе дадеме опомена, а потоа ќе има отстранување од судница, па и парична казна“, порача судијката, најавувајќи дека секое непотребно одлагање ќе биде санкционирано, а лекарските уверенија ќе се проверуваат детално.

— реклама —

Таа истакна дека судот ја разбира болката на семејствата, но постапката мора да се води професионално и без притисок. „Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме респект за тоа, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази“, рече Груевска-Илиевска, додавајќи дека судот ќе биде транспарентен.

— реклама —

Поради ограничениот простор, судијката упати апел семејствата да се организираат така што по еден нивни претставник да присуствува на рочиштата, за да се овозможат елементарни услови за работа на сите учесници.

Таа потенцираше дека никој не може да предвиди колку ќе трае постапката, бидејќи, како што нагласи, „секое брзање може да доведе до грешка и пропаѓање на процесот“.

— реклама —

По воведните насоки, почна евидентирањето на присутните. Во судницата се присутни десет обвинители, а трае пописот на обвинетите и нивните адвокати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања