Промени тема
Контакт

Судовите се без телефонски централи, информатичари, архивари, а итно мора да се изберат и нови судии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sudija

Министерството за правда на веб страницата,ги објави Записниците од Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите за 2024 година.

Од извршениот увид во основните судови и Апелационите судови на може да се заклучи дека:

1. Движењето на предметите во судовите согласно законот се врши преку АКМИС.

— реклама —

2. Распределба и прераспределба на предмети се врши електронски. Не се забележани случаи на рачна распределба на предмети.

3. Изземања на судии се врши според законската процедура и врз законските основи.

— реклама —

4. За секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки заради отсуство подолго од пет дена.

Надзорот утврди и одреден број на слабости за кои Министерството за правда достави препораки чија реализација ќе ја следи комисијата

:

— реклама —

-Судовите се соочуваат со недостаток на судии и административни службеници.

-Судскиот совет да изврши итен избор на судии со цел да се овозможи пополнетост на судовите со судии. Во ниту еден од контролираните судови не е пополнет систематизираниот број на судиски места.

— реклама —

-Судовите работат со недостаток од стручни соработници, информатичари и архивари.

-Во дел од судовите нема телефонска централа и не се обезбедени униформи за припадниците на судската полиција. Нема лифтови ниту пристап за лицата со попреченост.

-Судовите не ги објавуваат редовно на веб страницата програмите за работа, годишните планови, распоредите и други акти со цел да се овозможи поголема транспарентност на работата на судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library05epqo937lciaoUhJ5G

Калајџиев смета дека предметот за Груби е политички монтиран: се прошири листата на предмети за ревидирање од Савески

Коментари | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryght3lrcq3va39IqXFD1

Нов анти-СЛАПП закон: Казна до 20.000 евра за злонамерни тужби

Свет | пред 7 месеци

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 7 месеци

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања