Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шумски пожари горат во југот на Германија: Евакуации и вонредна состојба во Баварија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryv84l146vrl9v8txcKkG

Германија е погодена од серија шумски пожари, предизвикани од високи температури, суша и силен ветер, при што најпогодени се регионите во Баварија и Бранденбург.

Во Баварија, пожарот на планината Зауриселкоф сè уште е активен, а локалните власти соопштија дека се зафатени околу четири до пет хектари шума. Градот Траунштајн прогласи вонредна состојба, додека противпожарните служби се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на огнот. Во гаснењето учествуваат и хеликоптери, а се очекува дополнителна воздушна поддршка.

— реклама —

Поради чадот, властите апелираат граѓаните да ги држат прозорците затворени и да го намалат престојот на отворено поради можност од паѓање на пепел.

— реклама —

Во Саксонија, пожарот во близина на реката Лаба сè уште не е ставен под контрола, иако засега не се шири. Во гаснењето учествуваат над 400 пожарникари, како и полициски и спасувачки екипи, а теренот дополнително го отежнуваат ветерот и високите температури. Пожарот зафатил површина нешто помала од еден квадратен километар.

— реклама —

Во Бранденбург, пожарот на поранешен воен полигон е локализиран, а според властите не се очекува понатамошно ширење. Пожарот зафатил околу 152 хектари, а извидувачки дронови го надлетале подрачјето за проценка на штетата.

— реклама —

Ситуацијата останува под контрола во дел од регионите, но ризикот од нови пожари и понатамошно ширење сè уште е висок поради временските услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 1 ден

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 2 дена

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања