Промени тема
Контакт

Сведок: „Сопругата ми примаше експериментална терапија по предлог на директорот Васев – прво почувствува подобрување, потоа како да не пие ништо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
nino-vasev

Со сослушување на сведок предложен од Обвинителството, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, обвинет за несовесно лекување пациенти заедно со уште двајца онколози.

Пред судот сведочеше Александар Гаќев, сопруг на почината пациентка, кој изјави дека по препорака на Васев неговата сопруга примала терапија според експериментална програма.

„Терапијата прво делуваше, потоа рече дека ништо не чувствува“

„Експерименталната терапија започна во 2022 година и траеше околу шест месеци. На почетокот се чувствуваше подобро, но потоа кажуваше дека терапијата ѝ е чудна, дека не ја чувствува. ѝ беше речено дека нема да ѝ падне косата и навистина не ѝ падна. Потоа велеше дека е како да не пие ништо,“ рече сведокот Гаќев, одговарајќи на прашања на обвинителството.

Тој појасни дека лекувањето најпрво започнало кај докторката Мери Пешевска, но подоцна преминало кај директорот Васев, каде што неговата сопруга била лекувана околу половина година.

— реклама —

„Сестрата ја закачи со прстен – раната се отвори и се прошири“

Гаќев опиша дека по извесен период на градите на сопругата ѝ се појавила рана, за која Васев предложил да биде преврзана. При едно од преврзувањата, медицинска сестра случајно ја закачила со прстенот, по што раната се отворила и се проширила.

„Имам фотографии од самата рана. Таа потоа беше пуштена на домашно лекување и за две недели почина,“ сведочеше тој пред судот.

— реклама —

Одбраната: „Вештачењата се неточни и нецелосни“

По рочиштето, адвокатот Боби Спирковски, бранител на првообвинетиот Васев, изјави дека вештачењата изработени од словенските и српските експерти се неточни, бидејќи не била доставена целокупната медицинска документација.

„Не се сомневаме во стручноста на лекарите од Белград и Марибор, но нивните наоди се непрецизни. Добиле само истории на болестите, без информации за тежината и висината на пациентите – а тоа е ‘абецеда’ во онкологијата,“ изјави Спирковски, додавајќи дека без тие податоци не може точно да се одреди дозата на терапијата.

— реклама —

Постапката ја води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска од ОЈО Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 седмица

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 седмици

2_99

„Онколошките пациенти чекаат со месеци за резултати и терапија, системот ги остава сами“, Стојчевска со критики за состојбата на Онкологија

Македонија | пред 2 седмици

2_99

Директорот на Онкологија потврди: Има привремен недостиг на дел од терапиите, причината е доцнење во испораките

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања