Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Телата беа насекаде“ – сведоштво за пожарот во „Пулс“ што ја замолкна судницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
puls-19

Со длабоко потресно сведочење на Дејан Николов, сопственик на соседен автолимарски сервис, денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани од 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 63 млади лица. Пред судот и пред родителите на жртвите, Николов ги опиша драматичните и пеколни моменти од кобната ноќ, оставајќи ја судницата во солзи и тишина.

Николов, првиот сведок сослушан по воведните зборови на одбраната, детално говореше за објектот во кој со години работела дискотеката, истакнувајќи дека функционирала во крајно небезбедни услови. Според него, прозорците кои однадвор изгледале како евакуациски отвори биле затворени или заѕидани одвнатре со изолациски материјали, поради што просторот, во случај на пожар, станал смртоносна стапица.

— реклама —

Сведокот раскажа дека случајно се нашол пред дискотеката со пријатели и со својот син, само неколку минути пред да избие пожарот. Кога се појавил густ црн чад и настанал хаосот, веднаш реагирал, вклучувајќи го цревото од својот сервис со силен притисок за да помогне.

— реклама —

„Слушав тропање и викање од женскиот тоалет. Прозорецот имаше решетки. Ги искршивме стаклата, а девојчињата се држеа за решетките и молеа за помош. Светеа со телефоните и врескаа. Ги прскав со вода за полесно да дишат. Син ми зад мене викаше: ‘Тато, те молам спаси ги!’“, сведочеше Николов, додека солзите не ги сокрија ни родителите на загинатите, ни присутните во судницата.

Тој опиша како, заедно со својот син и неговите пријатели, со заштитни маски и гази, се обидувале да извлечат и да помогнат на настраданите, иако пламенот се ширел, а кровната конструкција почнала да пука и да се урива. Посебно го спомена моментот кога му пришол син на еден од локалните лекари, со тешки изгореници, барајќи помош.

— реклама —

„Кога дојде пет часот наутро, времето за мене престана да постои. Верував дека има само повредени. Потоа се свртев и видов три безживотни тела покрај мене. Тоа беше ужас што не може да се опише… тела имаше насекаде“, рече Николов со треперлив глас.

— реклама —

И покрај сведоштвата за пренатрупаноста на клубот, небезбедните услови, нелегалната употреба на пиротехнички средства и долгогодишното работење без исполнување на минимално-техничките стандарди, сите 35 обвинети на почетокот на процесот изјавија дека не се чувствуваат виновни. Дел од нив изразија сочувство до семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле тешки дела против општата сигурност.

Судењето, кое се одржува во судницата во Идризово, продолжува со вкрстено испрашување на сведокот од страна на одбраната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Во „Пулс“ немало никаква заштита од пожар“: Градежното вештачење откри дека биле игнорирани сите безбедносни стандарди

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryibfhsghi67ilfEvkcGo

По сведочењата дека полицајци не помагале кога изгоре „Пулс“, родителите: Униформата служеше за граѓаните или за привилегираните?

Македонија | пред 4 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко добивал дојави за полициски и инспекциски контроли, синот го предупредувал за рации – објавени пораки од телефонот на сопственикот на „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn9ptuoej3o0e3BfosT9

„Немаме сила за нови неправди“: Родителите со порака од Маршот на ангелите по рочиштето за „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања