Промени тема
Контакт

Шведска отвори истрага по пријави за сомнителни дронови над Карлскрона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
dron1
Илустрација

Шведската полиција отвори истрага откако жители пријавиле сомнителни дронови над архипелагот Карлскрона, каде се наоѓа најголемата поморска база и седиштето на крајбрежната стража, јави SVT.

Инцидентот се случил во четвртокот навечер, кога повеќе жители на островите Стурко и Тјурко забележале летала над подрачјето Мокклосундсброн. Полицијата која излегла на терен потврдила дека видела еден дрон. Дополнително, еден службеник изјавил дека слични летала се пријавени и на три други локации во земјата.

„Се работи за поголем модел, сличен на оние забележани над Данска и покраината Сконе“, изјави шефот на истрагата Матијас Лундгрен.

Според сведоци, дроновите имале црвени и зелени трепкачки светла.

— реклама —

Против непознати сторители се поднесени пријави за прекршување на Законот за воздухопловство и Законот за заштита. Нема идентификувани осомничени, ниту пронајдени предмети.

— реклама —

Овој настан доаѓа по серија слични инциденти во регионот. Во Данска, властите неодамна привремено го затворија воздушниот простор над неколку аеродроми, што предизвика пренасочување на летови. Аеродромот во Копенхаген беше затворен во вторникот, а ден подоцна сличен случај се случи и во Олборг.

И во Норвешка, аеродромот во Осло го затвори својот воздушен простор на три часа поради забележан дрон во близина.

— реклама —

Инцидентите се случуваат во услови на засилени тензии меѓу Европа и Русија, откако Полска, Романија и Естонија во последните недели пријавија руски воздушни упади со авиони и дронови.

Шведска, како и Данска и Норвешка, е членка на НАТО. Додека во овие држави пресретнувања не беа извршени, НАТО-сојузниците распоредуваат борбени авиони и активираат противвоздушни системи во Полска и регионот, во рамки на засилената безбедносна поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

svedska

Шведска утре гласа: Избори што ќе одлучат дали крајната десница влегува во владата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Десетици случаи на мали сипаници во Шведска, повеќето заразени деца не биле вакцинирани

Свет | пред 1 седмица

svedska

Шведска вежба масовни погреби на загинати војници: Подготовки за најтешкото сценарио

Свет | пред 1 седмица

media-library5069kdt5r0kr4tOTOI2

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно да ја напуштат земјата – стотици веќе се пријавиле

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања