Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СЗО ја засилува помошта за Конго: Речиси 4.000 заразени од ебола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ebola

Светската здравствена организација (СЗО) ја засилува поддршката за Демократска Република Конго, каде што се потврдени речиси 4.000 случаи на ебола. Поради сериозноста на состојбата, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пристигна во Киншаса на разговори со здравствените власти и со претседателот Феликс Чисекеди.

— реклама —

Според Министерството за здравство на Конго, до понеделникот биле регистрирани 3.874 случаи на ебола, од кои 1.751 завршиле со смртен исход.

— реклама —

Актуелната епидемија, предизвикана од вирусот Бундибугјо, се шири побрзо од сите претходни епидемии на ебола и веќе е втора по големина во историјата, веднаш по онаа во Западна Африка од 2014 до 2016 година.

— реклама —

Најголем дел од заразените се во провинцијата Итури, каде што се регистрирани речиси 90 проценти од случаите. Сепак, здравствените власти се соочуваат со сериозни тешкотии поради вооружените судири, ограничениот пристап до погодените подрачја и недоволно ефикасното следење на контактите.

— реклама —

Од Африканските центри за контрола и превенција на болести предупредуваат дека меѓу 60 и 70 проценти од новите случаи се лица кои претходно не биле евидентирани како контакти на заразени, што дополнително го отежнува запирањето на ширењето на вирусот. Смртноста моментално изнесува околу 45 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 4 дена

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања