Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СЗО предупреди: Ризикот од ширење на ебола во Конго е на „многу високо“ ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ebola-kongo

Светската здравствена организација го подигна нивото на ризик од ширење на сојот ебола „бундибугио“ на „многу високо“ во Демократска Република Конго, предупредувајќи дека постои сериозна опасност вирусот да прерасне во национална епидемија.

— реклама —

Станува збор за сој на вирусот за кој засега нема одобрена вакцина или лек. СЗО пред пет дена ја прогласи ситуацијата за меѓународна здравствена закана.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот е „многу висок“ на национално ниво, „висок“ на регионално и „низок“ на глобално ниво.

— реклама —

Досега во Конго се потврдени 82 случаи на зараза, седум лица починале, а под сомнеж се уште 177 смртни случаи и околу 750 заразени.

— реклама —

Од СЗО посочуваат дека ситуацијата во Уганда засега е стабилна, благодарение на строгото следење на контактите и ограничувањето на масовните собири.

Според организацијата, епидемијата најверојатно започнала пред два месеца, но била официјално прогласена дури минатата недела.

— реклама —

„Вирусот и натаму се пренесува и бројот на случаи уште некое време ќе продолжи да расте“, предупреди претставничката на СЗО во Конго, Ен Ансија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 4 дена

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања