Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СЗО предупредува: Вистинскиот број заболени од ебола во Конго може да е четирипати поголем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ebola

Реалниот број на заразени со ебола во Демократска Република Конго е значително поголем од официјално потврдените случаи и би можел да биде дури четирипати повисок, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

— реклама —

Извршниот директор на Програмата за здравствени итни состојби при СЗО, Чикве Ихеквеазу, изјави дека анализите и математичките модели покажуваат оти вистинскиот обем на епидемијата е најмалку два до четири пати поголем од официјално регистрираниот број случаи.

— реклама —

Според последните податоци, во Демократска Република Конго се потврдени 1.873 случаи на ебола, од кои 672 завршиле со смртен исход.

— реклама —

Во меѓувреме, на североистокот на земјата се спроведува клиничко испитување на два експериментални лека против сојот Бундибугио на вирусот ебола. Проектот го реализираат универзитети, фармацевтски компании и Светската здравствена организација, а целта е да се утврди дали новите терапии ќе ја намалат смртноста кај заболените.

— реклама —

Во испитувањето се користат антивирусниот лек ремдесивир, кој веќе е во употреба, и експерименталниот препарат MBP134, кој содржи антитела способни да го препознаат и да го неутрализираат вирусот. Стручњаците очекуваат новите терапии да дадат подобри резултати, откако претходно покажале охрабрувачки ефекти во испитувања врз животни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 4 дена

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања