Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет во случајот со трагедијата во Карпош, во која животот го загубија неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја.
На денешното рочиште сведочеа сосетка и наставничка, кои опишаа низа настани и индиции за семејно насилство во периодот пред трагедијата.
Сосетката Тања Спировска изјави дека во зградата каде живеело семејството често се слушале викање, тропање и тепање.
Една ноќ кон 2 часот слушнавме „тато ќе ја убиеш мама“. Малата Катја викаше, се слушаше. Излегов надвор ама во ходникот не се слушаше ништо. Мислам дека и некои од другите комшии тогаш излегоа во ходниците. Јас лично два пати имам повикано полиција од ПС Карпош., рече таа
Таа раскажа како се качувале по катовите за да видат од каде се слушало викањето. Кога пријавила првиот инспектор бил коректен, додека вториот полицаец бил нервозен и според нејзизните зборови: „лупаше по становите, прашуваше на кој кат е, му реков не знам. Знам дека е над мене. Тропна на неколку стана, по што мене ми се закани дека ќе добијам кривична за лажно пријавување“.
Братот на Ивана: Не верувам дека доброволно се врати кај Стојанче, се плашеше за Катја
Братот на Ивана, воедно и вујко на шестгодишната Катја, кои починаа по падот од балконот во Тафталиџе сведочеше во судскиот процес против обвинетиот Стојанче Јовановски, посочувајќи дека неговата сестра живеела во страв, под притисоци и уцени, поради што, како што рече, не верува дека доброволно се вратила да живее со него.„После сите уцени што Ивана ми ги кажа, заканите и стравот за Катја, јас не мислам дека сестра ми доброволно се вратила“, изјави сведокот.Тој раскажа дека по настанот на автоп
Македонија | пред 2 месеци