Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Температури до 40 степени во Грција: Црвениот крст им дели вода и капчиња на туристите на Акропол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryf04ibqiqk259bCmcFiy
фото: unsplash

И покрај топлотниот бран и температурите во Атина, кои достигнуваат и до 40 степени, илјадници туристи не се откажуваат од посетата на Акропол. Поради екстремните временски услови, грчкиот Црвен крст спроведува акција за помош и информирање на посетителите, на кои им дели ладна вода, капчиња и лепези.

Директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст, Константинос Гаврилидис, за МИА вели дека дел од туристите пристигнуваат неподготвени за високите температури, особено оние кои доаѓаат од северните земји, каде што не се навикнати на вакви услови.

— реклама —

„За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури“, вели Гаврилидис.

Дел од посетителите пристигнуваат со чадори, капчиња, мини-вентилатори, шишиња вода и лесна летна облека. Сепак, има и туристи кои, иако знаеле дека температурите може да достигнат 40 степени, пристигнале без соодветна заштита.

— реклама —

Една млада туристка од САД дури побарала капче од волонтерите на Црвениот крст пред да се упати кон Акропол.

Од грчкиот Црвен крст велат дека во соработка со Министерството за култура редовно се присутни на Акропол за време на екстремно високите температури.

— реклама —

„Целта е да обезбедиме упатства за справување со топлотниот бран, топлотниот удар и високите температури, како и мерки за заштита, како што се капи, лепези, креми за сончање и, секако, ладна вода“, објаснува Гаврилидис.

Во моментов, на посетителите на Акропол им се делат меѓу 2.500 и 3.000 шишиња ладна вода.

— реклама —

Од Црвениот крст додаваат дека веќе имале неколку интервенции за помош на лица на кои им се слошило поради високите температури.

И покрај екстремните временски услови, бројот на посетители не се намалува значително. Особено туристите кои пристигнуваат со крузери имаат ограничено време во Атина и најчесто немаат голем избор околу посетата на Акропол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-rabotnici

Се претставувале како електричари и ограбувале домови: Четворица уапсени во Грција

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 3 дена

police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 4 дена

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања