Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тензии во Персискиот Залив: САД и Иран со различни верзии за нападот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryffq6e3230euaaKgghXh
unsplash

Се појавуваат првите детали за ноќешните американски удари во Бандар Абас, на југот на Иран, кои Вашингтон ги опишува како чин на самоодбрана.

— реклама —

Иако целосните информации сè уште се очекуваат, извори од двете страни почнаа да ги изнесуваат своите верзии за случувањата.

— реклама —

Висок американски функционер изјавил за „Фокс њуз“ дека ударите не биле обид за нарушување на примирјето. Според неговите наводи, американската војска реагирала откако биле забележани два брода на морнарицата на Иранската револуционерна гарда како поставуваат мини, а една позиција со противвоздушни ракети отворила оган кон американски авиони.

Функционерот нагласил дека нападите засега се завршени и дека имале одбранбен, а не офанзивен карактер.

— реклама —

Од друга страна, ирански извор за „Ал Џезира“ изјавил дека во американскиот напад имало жртви.

Според тие информации, неколку припадници на морнарицата на Иранската револуционерна гарда биле убиени во нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања