Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Терапијата од Онкологија не завршувала на косовски црн пазар, каде се вишокот препишани лекови не се знае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Скапа биолошка терапија не завршила на црниот пазар во Косово, ниту косовски пациенти ја примале на Клиниката за онкологија, утврдила истрагата на скопското Обвинителство. Досега е утврдено само дека се препишувани поголеми дози од скапата терапија, но не се знае каде таа завршувала - дали е аплицирана или пак, завршувала во нечиј џеб.

— реклама —

„Препишана но не е утврдено до каде е стигната“, рече шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски на брифинг со новинарите.

Побарана била и меѓународна правна помош.

— реклама —

„Од страна на Косово се прибавени докази, се анализираат, но не произлегуваат сознанија дека терапијата од Онкологија завршувала на така наречен косовски црн пазар или дека пациенти од таму примале терапија. Од Албанија чекаме“, додаде Бубевски на брифингот.

— реклама —

Финансиската истрага која се води паралелно со предметот за злоупотребите на Онкологија, треба да покаже дали има или нема богатење на поединци, со какви средства располагаат, но и што имот поседуваат.

nino-vasev

Нино Васев се сомничи за осум дела, осомничени се и тројца доктори-онколози заедно со организацискиот директор

Пет лица се под сомнение дека сториле злоупотреби на Клиниката за онкологија. Ова го соопшти шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Меѓу осомничените е и ексмедицинскиот директор на Клиниката, Нино Васев кој се сомничи за седум кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата. Осомничен е и организацискиот директор Нехат Нухи, кој се сомничи за измама во службата. Останатите лица се доктори.„Наредбата е за едно лице за седум кривични дела злоупотреба н

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

onkologija-4142

Пристигнаа „Phesgo“ и „Goserelin“ на Онкологија, пациентите со одложена терапија ќе добијат повик

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 3 седмици

nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања