Промени тема
Контакт

Тинејџерот од Водно бил повикан во полициска станица за спуштањето со велосипед, добил писмено предупредување дека не смее тоа да го прави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarybmft6pnagrmj6gwPBMJ
Лука Мојсовски / принтскрин

Малолетниот велосипедист кој беше дел од жестоката расправија со рекреативен планинар на Водно бил повикан во полициска станица заедно со негов родител и писмено предупреден, потврди МВР за „Скопје1“.

„Во врска со пријавата за управување велосипед по патеките на Водно каде пешачат поголем број на граѓани, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Карпош повикан е малолетникот што го управувал велосипедот заедно со неговиот родител при што истиот е писмено предупреден“, велат од МВР за „Скопје1“.

Инцидентот предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако велосипедистот сам објави видео од расправијата.

На снимката се гледа како планинар му забележува дека се движи со велосипед по патека каде има пешаци, деца и рекреативци, тврдејќи дека со тоа ја загрозува нивната безбедност. Во еден момент, по расправијата, била повикана и полиција.

— реклама —

Велосипедистот, пак, тврдеше дека на патеката немало знак дека е забрането движење за велосипеди и дека возел со прилагодена брзина.

Планинарот инсистираше дека патеката не е наменета за велосипедисти и посочи дека негова роднина претходно била тешко повредена во слична ситуација.

— реклама —
media-libraryvpjsjucbguem8sOwC7i

(Видео) Расправија помеѓу планинари и велосипедист на Водно заврши со викање полиција

Жестока расправија помеѓу рекреативен планинар и велосипедист избила на Водно. Ова доаѓа откако на патеката каде во главно граѓани се движат пешки, младо момче се спуштало со велосипед. Ова за еден од планинарите претставувало загрозување на животот на тие што пешачат, па по расправија, повикаа и полиција.Велосипедистот пак, кој го објави видеото, рече дека нема никаков знак дека патеката е само за пешаци, а потоа посочи дека возел со прилагодена брзина за да запре.Но планинарот инститираше дека

Скопје | пред 4 месеци

Планинарот Кристијан Крстевски, во „Претрес“ рече дека неговата бурна реакција била поради стравот за безбедноста на децата.

— реклама —
media-librarymdpq0k2k2adv6A8HH24

(Во живо) Претрес за „кумата“, Крстевски: Реагирав за заштита на моите малолетни деца

Вечерва „Претрес со Ландов“ за „кумата“, од „кафански живот“ до вера и дисциплина, но и до центарот на вниманието. Кристијан Крстевски, јавноста го запозна токму по фразата „кумата“, но пред сè по случката на Водно, кога жестоко се спротивстави велосипедист да вози по пешачка патека. Тој пешачеше со своите две малолетни деца, а како што рече, неговата кума завршила во болница од несовесен велосипедист.„Не мислам дека сум славен, но праќаат многу пораки, никој ме нема искритикувано. Моето име изл

Студио | пред 4 месеци

Инаку, велосипедска патека има само до Средно Водно до полицијата, додека од Средно кон Миленинумски крст - таква не постои.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 18 часа

media-libraryc56s1v4s0g8udp80jYH

Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно: го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Скопје | пред 21 час

media-libraryi50scp7r2gfh1FBaMKF

(Видео) Гори двокатен автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно, се гледа чад и од центарот на Скопје

Скопје | пред 22 часа

media-libraryfq9l7e223e9f5l6ahwD

(Фото) Водно доби нов моторички парк, направен од паднатите дрвја по невремето

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања