Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ТИТАН Усје: Работиме под законските лимити, обвинувањата за загадување се неосновани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
usije

Компанијата ТИТАН Усје целосно ги отфрла, како што наведува, „неоснованите и невистинити обвинувања“ дека е извор на загадување на воздухот во Скопје, оценувајќи дека тие не се поткрепени со научни и мерливи податоци.

Од компанијата информираат дека нивното работење е под 24-часовен независен мониторинг, а сите податоци од мерењата се јавно достапни и редовно се доставуваат до надлежните институции, медиумите и граѓанскиот сектор.

— реклама —

„Сите досегашни мерења покажуваат дека работењето на ТИТАН Усје е под законски дозволените лимити“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Како дополнителен аргумент, од ТИТАН Усје посочуваат дека Државниот инспекторат за животна средина извршил контролно мерење на 18 декември 2025 година, при што, според нив, инспекторите утврдиле дека нема отстапувања од дозволените вредности.

— реклама —

Компанијата нагласува дека работи во согласност со А-еколошката дозвола, која е под континуиран надзор на Министерството за животна средина и просторно планирање и во која прецизно се дефинирани сите параметри за заштита на животната средина.

Во соопштението се оспоруваат и тврдењата кои, како што велат, се темелат на податоци од софтверски апликации и модели кои не користат верификувани методи за мерење и, според компанијата, не се признаени како релевантен извор ниту во Македонија, ниту во Европската унија.

„Поврзувањето на ТИТАН Усје со квалитетот на воздухот е паушално и неосновано. Компанијата ќе продолжи да работи транспарентно, одговорно и во целосна согласност со законските норми“, се наведува во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2m7m04bqrv9e4HmQDlS

Министерство за животна средина ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library7a1ktq9ij2sv8vQngoY

(Видео) Со забава, се бараше „Стоп за Усје“ иако фабриката вели дека не се одговорни за загаденото Скопје

Скопје | пред 2 месеци

media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

Усје: 29 милиони евра сме инвестирале во еколошки технологии

Македонија | пред 2 месеци

media-library2ug7u6h9a56ddBO8rgk

Осум часовна блокада пред влезот на „Усје“: активисти ќе прават „Блокада фест“ идниот петок

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања