Промени тема
Контакт

„Токсичен бренд“: Откажан мегапроектот за првата кула на Трамп во Австралија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryqtu1oagiq1qa58IpiYR

Плановите за изградба на првата кула на Доналд Трамп во Австралија, проект вреден 1,5 милијарди австралиски долари, официјално се прекинати само три месеци по нивното најавување.

Луксузниот облакодер во Голд Коуст требаше да има 91 кат и висина од 335 метри, со што би станал највисоката зграда во Австралија, надминувајќи ја и The Shard.

— реклама —

Австралискиот инвеститор Altus Property Group како главни причини за пропаста на проектот ги наведе „токсичноста“ на брендот Трамп и актуелните глобални конфликти.

Дејвид Јанг од компанијата изјави дека со војната во Иран и глобалните тензии, брендот Трамп станувал сè потоксичен за австралискиот пазар.

— реклама —

Од друга страна, Организацијата Трамп возврати дека инвеститорот не ги исполнил финансиските обврски преземени со договорот.

Портпаролката Кимберли Бенза изјави дека обидите вината да се префрли врз светските случувања се само „одвлекување внимание од сопствените неуспеси“.

— реклама —

Проектот предизвика значителен отпор во јавноста. Петицијата против изградбата собрала повеќе од 120.000 потписи, додека иницијативата за поддршка имала околу 3.600 потписи.

Градоначалникот на Голд Коуст, Том Тејт, изјави дека до локалните власти никогаш не била доставена официјална апликација за градба.

— реклама —

Според првичниот план, проектот требаше да содржи 285 хотелски соби, 272 луксузни станбени единици, трговски содржини, ресторани и ексклузивен плажен клуб.

Проектот беше најавен во февруари од страна на Ерик Трамп како прв официјален влез на семејството Трамп на австралискиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Свет | пред 8 часа

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: Одлично се согласувам со Ким, кога некој има 112 нуклеарни ракети добро е да сте во добри односи

Свет | пред 8 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања