Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Топлотниот бран однесе над 1.000 животи во Шпанија за само еден месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
sonce-so-termometar

Шпанија во текот на јуни регистрирала 1.029 смртни случаи кои се поврзуваат со екстремно високите температури, покажуваат најновите податоци од системот за следење на смртноста при шпанското Министерство за здравство.

— реклама —

Земјата минатиот месец беше погодена од петдневен топлотен бран, а според Државната метеоролошка агенција (AEMET), просечната температура во јуни била за 3,2 степени Целзиусови повисока од вообичаената. Тоа го прави вториот најтопол јуни откако се води евиденција, веднаш зад јуни 2025 година.

— реклама —

Најкритичен бил 23 јуни, кога околу 35,7 милиони луѓе, односно 73 проценти од населението на Шпанија, биле изложени на здравствени ризици поради високите температури. Од нив, 38 проценти се соочиле со висок степен на опасност.

Податоците покажуваат дека од 1975 година досега во Шпанија биле регистрирани 12 топлотни бранови во текот на јуни, а дури половина од нив се случиле во последната деценија. Исто така, сите 13 најтопли месеци јуни од почетокот на мерењата во 1961 година се забележани во 21 век.

— реклама —

Портпаролот на AEMET, Рубен дел Кампо, изјави дека ова е доказ дека топлотните бранови почнуваат сè порано во текот на летото и стануваат сè почести.

— реклама —

Во периодот од 1 до 30 јуни, на мерните станици низ Шпанија биле соборени 165 рекорди за највисока измерена температура. Од метеоролошката служба наведуваат дека првиот топлотен бран ова лето бил особено силен во северните делови на земјата, не само поради интензитетот, туку и поради неговото траење и упорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 1 ден

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 3 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања