Топлотниот бран што ја зафати Грција ќе го достигне својот врв во понеделник и вторник, кога температурите во централните делови на земјата се очекува да достигнат од 40 до 42 Целзиусови степени.
Според најновите временски прогнози, високите температури ќе се задржат во поголемиот дел од земјата и во наредните денови.
Во среда се очекува постепено намалување на температурите во централна и северна Грција, додека топлотниот бран ќе продолжи во јужните делови на земјата.
Позначително освежување се прогнозира од четврток, кога покрај падот на температурите во повеќе региони се очекуваат и локални врнежи од дожд и грмежи.