Промени тема
Контакт

Тошковски: Сејф Сити од вчера почна да казнува и мотори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Сејф Сити од вчера автоматски ги детектира и мотоциклите кои прават сообраќајни прекршоци, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој најави дека системот веќе започнал со регистрирање на прекршоци кај мотоциклистите на териториите каде што е имплементиран.

Тошковски посочи дека надлежните успеале да најдат техничко решение со кое и мотоциклите можат да бидат идентификувани во рамките на автоматското следење на сообраќајните прекршоци, особено при возење со недозволена брзина.

— реклама —

„Ексклузивно, од вчера е започнато со детектирање и автоматско ловење и на мотоциклите на територијата, таму каде што го имаме имплементирано Безбеден град“, изјави Тошковски.

— реклама —

Тој упати порака до мотоциклистите кои не ги почитуваат сообраќајните правила дека отсега можат да очекуваат санкции од системот.

„Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот Безбеден град“, рече Тошковски.

— реклама —

Според министерот, целта на ваквиот начин на контрола првенствено е зголемување на безбедноста на самите мотоциклисти, но и заштита на останатите совесни учесници во сообраќајот.

— реклама —

Тошковски очекува веќе денеска да бидат познати и првите бројки за казнети мотоциклисти преку автоматскиот систем.

„Најдовме технички начин како да бидат и тие констатирани во рамките на сторувањето на прекршокот за возење со недозволена брзина“, посочи министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6d4plirs2at48CyIDwe

„Ќе изгубиш неколку секунди, а некому ќе му спасиш здравје“ – моќна порака до возачите

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryvi9i2e5q9vt91gVd2E4

(Видео) „На едно тркало“ низ Скопје: Објавени снимки од опасно дивеење со мотоцикли по улиците

Скопје | пред 4 месеци

motor-18-

Во четири града, четири сообраќајќи со мотори, најтешко е повреден пешак во Куманово

Македонија | пред 1 година

policiski-motori

Тошковски: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања