Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) „На едно тркало“ низ Скопје: Објавени снимки од опасно дивеење со мотоцикли по улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryvi9i2e5q9vt91gVd2E4

Твитерџијата „Сафра Шпанец“ објави повеќе видеа, главно снимени во Скопје, на кои се гледа како лица со мотори и веспи изведуваат опасни маневри среде сообраќај, возејќи на едно тркало.

На едно од видеата се гледа моторџија кој стои исправен на седиштето додека мотоциклот се движи само на задното тркало. Снимката, според објавата, е направена во Влае, пред завршетокот на булеварот „Партизански одреди“.

— реклама —

Во останатите видеа се гледаат повеќе млади лица кои изведуваат слични маневри низ градските улици, додека околу нив се движат и други возила.

— реклама —

„Сафра Шпанец“ потоа објави и профили од социјални мрежи на кои дел од снимките биле споделувани, при што дел од профилите немаат јасно наведени име и презиме.

— реклама —

Снимките се појавуваат откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои не ги почитуваат сообраќајните правила и изведуваат опасни маневри низ градовите.

— реклама —

Тошковски претходно изјави дека МВР ќе биде особено фокусирано на возачи кои возат без кацига, со преголема брзина, минуваат на црвено светло и ги креваат моторите на едно тркало, посочувајќи дека тие претставуваат сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот.

media-library5s98il4r8u8lbDKzgFE

(Видео) „Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии“, рече Тошковски за тие кои лудуваат на едно тркало

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои, како што рече, дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила.Тој направи разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“.„Тие кои се вистински моторџии, тие во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Тие се посветени за почитување на сообраќајни правила особено во град, бидејќи ги знаат последиците кога не ги почитуваат, тие се на д

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

motor-18-

Во четири града, четири сообраќајќи со мотори, најтешко е повреден пешак во Куманово

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
policiski-motori

Тошковски: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања