Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тошковски: Ќе следи целосна ревизија на законите за насилство врз жени и деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryidtc6b7co3or5FZOucP

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање денес одговори дека изминатиот период во полициските билтени има голем број на пријави за семејно насилство поради тоа што жртвите се охрабриле да пријавуваат.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Во последните 30-ина години имаме зголемен број случаи коишто се поврзани со семејно насилство, согласно она коешто го добивам како информација во рамки на последните неколку недели, каде што интензивно сум посветен на оваа тема. Согласно информациите коишто ги добивам од Бирото за јавна безбедност, ако претходно сме имале еден до два случаи неделно, сега имаме по неколку случаеви дневно. Со тоа што само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции, не само во делот на Бирото за јавна безбедност и секторите за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, тука и во рамки на останатите институции.

Таму каде што институциите направиле пропусти, треба да се изврши ревизија на институционалните чекори коишто се превземени, да се утврди конкретна одговорност со име и презиме на оние коишто потфрлиле во рамки на постапувањето. Од една страна, а од друга страна да се увидат системски подобрувања коишто ите како ќе треба да ги направиме во иднина, не само од аспект на промена на законска легислатива којашто констатиравме на оние состаноци кои ги имаме со Министерството за труд, невладините организации и луѓето коишто работат долги години и се професионалци во оваа област, во рамки на институциите, но и надвор од нив, констатиравме во суштина два две фази на чекори коишто ќе треба да следат. Први, итни измени, на законските прописи, таму каде што имаме детектирано директна колизија на законските одредби и неможност да ефективно се делува од страна на институциите. Пример беше ситуацијата со укинувањето на одлуките на основните судии од страна на апелационите судови заради тоа што жртвата не била заедно со сторителот соочени во рамки на една парнична постапка којашто се води по подигнување на итни мерки од страна на. Или институциите или од страна на самата жртва. Таквиот процес дополнително ја виктимизира жртвата а притоа апелација укинува одлуки заради тоа што жртвата не била на рочиштето заедно со насилникот. Ова е само еден пример на одредби коишто наместо да решаваат проблеми, тие мултиплицираат проблеми и заради тоа оценивме дека се потребни итни измени на делот законската легислатива на којшто интензивно се работи, од страна на групата којашто беше формирана и ќе се влезе во чекор на на измена во рамки на оваа прва фаза.

Втора фаза, ќе следи со целосна ревизија на целокупната законска легислатива којашто се однесува на семејно насилство. Особено на насилство спрема жени и насилство спрема деца“, изјави Тошковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

Тошковски изрази сочувство за загинатите во Бугарија и порача: Не треба да чекаме нова трагедија за да ја разбереме вредноста на мерките што можат да спасат човечки животи

Балкан | пред 4 дена

media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

„Безбеден град“ се проширува: Мобилни камери и контроли на црните точки низ Македонија, најави Тошковски

Македонија | пред 5 дена

media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања