Промени тема
Контакт

Тошковски на третата интерпелација: „Не се напаѓа оној што не работи — толкава сила се крева само против оној што менува нешто"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl4p330olrp9gbYgmsPL

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Собранието одговори на третата интерпелација поднесена против него за помалку од две години, оценувајќи дека нападите од опозицијата се потврда дека Министерството за внатрешни работи спроведува суштински промени.

Во своето обраќање, Тошковски истакна дека целосно го почитува демократското право на опозицијата да бара политичка одговорност, нагласувајќи дека никогаш не бегал од јавна дебата.

„Дојдов да одговорам јавно, пред пратениците и пред граѓаните, затоа што нема од што да се кријам“, рече Тошковски.

Министерот посочи дека СДСМ, ДУИ и Левица, иако политички различни, повторно ги насочиле нападите кон него, што, според него, покажува дека работата на МВР дава резултати.

— реклама —

„Не се напаѓа оној што не работи. Не се троши толкава енергија на оној што ништо не менува. Толкава сила се крева само против оној што менува нешто, а во случајов менува токму таму каде што нив најмногу ги боли“, изјави Тошковски.

Осврнувајќи се на наводите содржани во интерпелацијата, министерот оцени дека во неа постојат сериозни противречности.

„Одлучете се, господа. Дали сум војник на едните или адвокат на другите? Кога ќе обвините некого дека ги штити баш сите, тогаш не сте напишале интерпелација – сте напишале манипулативен текст што самиот се побива уште на втората страница“, рече тој.

Тошковски потенцираше дека улогата на полицијата е да собира докази и да поднесува кривични пријави, додека одлуките за обвиненија, притвор и вина ги носат обвинителството и судовите.

— реклама —

„Полицијата поднесува кривична пријава. Полицијата обезбедува докази. Полицијата постапува по наредба на јавниот обвинител. Кој ќе биде обвинет, одлучува обвинителството. Кој ќе биде притворен, одлучува судот. Кој е виновен, одлучува судот со правосилна пресуда“, нагласи министерот.

Во врска со случајот со мазутот, Тошковски посочи дека МВР спровело обемна акција во повеќе градови, при што биле приведени 13 лица и бил обезбеден доказен материјал кој е доставен до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, министерот порача дека станува збор за тема која не смее да биде злоупотребена за политички цели.

— реклама —

„Има едно место во овој документ каде политиката мора да застане. Шеесет и три млади животи. Шеесет и три семејства на кои светот им се сруши за една ноќ. Јас нивната болка нема да ја претворам во политички поен“, рече Тошковски.

Тој информираше дека во предметот има повеќе од 40 осомничени лица и дека секој за кого ќе се утврди одговорност ќе одговара согласно законот.

Во делот на насилството врз жените и децата, министерот истакна дека никој нема да биде амнестиран доколку постапувал спротивно на законските обврски.

„Никој не е амнестиран и токму така треба да изгледа систем што функционира. Не систем кој никогаш не греши, туку систем во кој секој одговара доколку постапи спротивно на законот“, нагласи тој.

— реклама —

Тошковски посочи и на, како што рече, конкретните резултати на МВР, наведувајќи дека вкупниот криминалитет е на најниско ниво во последните дваесет години, а ефикасноста на полицијата надминала 67 проценти.

Според него, во изминатиот период биле разбиени 16 организирани криминални групи со вкупно 205 членови, а значително е намален и бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

На крајот од обраќањето, министерот оцени дека интерпелацијата претставува политички мотивиран обид за собирање политички поени.

„Оваа интерпелација не ја доживувам како суд за мојата работа, туку како уште еден очајнички обид за собирање на некој евтин политички поен“, заклучи Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања