Промени тема
Контакт

Тошковски: Отворен нов регионален К9 центар за обука и сертификација со поддршка од Мисијата на ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6834

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (30.09.2024) во Полицискиот центар Ѓорче Петров се обрати на отворањето на регионалниот К9 центар за обука и сертификација.

— реклама —

Отворањето на овој центар е една од најзначајните активности во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РСМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“, проект што се имплементира со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

— реклама —

Министерот Тошковски на почетокот ја потенцираше одличната соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи, која е од огромно значење за развивање и спроведување на политиките за современ систем на безбедност.

„Овој регионален центар е многу значаен за Македонија, како од аспект на стратешко делување во рамки на министерството така од аспект и на оперативно делување на полицијата. Со овој комплекс реално ќе се зголеми капацитетот и на спроведување на голем број полициски активности кои се изведуваат со употреба на кучиња. Соработката којашто ја имаме со ОБСЕ е круцијална во подобрување на капацитетите на министерството во сите аспекти и преку големиот број заеднички проекти тој капацитет постојано се унапредува,“, нагласи министерот Тошковски.

— реклама —

Министерот Тошковски истакна дека во претходните фази на овој проект е пренесено значително знаење и опрема кон министерството, како специјализирани возила и приколки наменети за службени кучиња, опрема за обука, возила и специјална опрема за деактивирање на огнено оружје, машина за маркирање и сертификати за деактивација на огнено оружје, како и изготвените документи за оперативни процедури, прирачници, упатства и медиумски кампањи.

— реклама —

„Преку великодушната финансиска поддршка од донаторската заедница, а особено од САД, Германија, Европската Унија, Франција, Белгија, Норвешка и Словачка, Проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за МАСО ја покажува нашата силна посветеност кон зајакнување на оперативните и капацитетите за детекција на оружје на полициската единица за кучиња трагачи. Мисијата на ОБСЕ е посветена на континуирана професионализација и развој на полициските единици за кучиња трагачи, фокусирајќи се на детекција на мало и лесно оружје”, рече Сусан Пенкса, заменик-амбасадорка на ОБСЕ Мисијата во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања