Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library50oenjv83gbqfHppYHV

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоцијата на Протоколот за постапување со лица без државјанство, која се одржа заедно со министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

— реклама —

На настанот беше нагласено дека протоколот претставува значаен инструмент за унапредување на институционалната координација и воспоставување системски пристап во идентификувањето и решавањето на случаите на лица без државјанство.

— реклама —

Тошковски истакна дека МВР има проактивен пристап во справувањето со овој предизвик, нагласувајќи дека државјанството претставува основно човеково право и правна врска меѓу лицето и државата.

Тој посочи дека во изминатиот период се преземени значителни напори за решавање на случаите на бездржавјанство и дека државата постигнала напредок, за што добила признанија од Обединетите нации, Европската комисија и Советот на Европа.

— реклама —

Според него, новиот протокол ќе овозможи појасни процедури и подобра координација меѓу институциите, со цел навремено идентификување и ефикасно решавање на случаите, особено кај малолетните лица.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека Македонија, со поддршка на меѓународните партнери, продолжува со усогласување на законската и институционалната рамка со меѓународните стандарди за заштита на човековите права и намалување на бездржавјанството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

Тошковски изрази сочувство за загинатите во Бугарија и порача: Не треба да чекаме нова трагедија за да ја разбереме вредноста на мерките што можат да спасат човечки животи

Балкан | пред 3 дена

media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

„Безбеден град“ се проширува: Мобилни камери и контроли на црните точки низ Македонија, најави Тошковски

Македонија | пред 3 дена

media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања