Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Тошковски за случајот на врсничкото насилство во Ѓорче Петров: Досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjo5choltviahcKUeJGm

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција изјави дека случајот со врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров е во фаза на истрага, која се спроведува во координација со Јавното обвинителство.

Тој посочи дека во рамки на постапката досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Поради тоа што станува збор за малолетници, истрагата се води со посебна внимателност и со ограничено споделување информации во јавноста.

Тошковски нагласи дека врсничкото насилство е сериозен општествен проблем и дека Министерството активно работи и на превентивен и на репресивен план.

— реклама —

„Станува збор за проблем на кој му пристапуваме сериозно, особено во образовните институции. Потребен е мултисекторски пристап и вклученост на сите надлежни институции,“ истакна министерот.

— реклама —

Тој додаде дека значајна улога во справувањето со овој проблем имаат и родителите, како и образовниот систем, нагласувајќи дека е потребна заедничка акција за спречување на вакви појави.

„Мора да има заеднички институционален одговор, но и поголема улога на родителите во воспитувањето и насочувањето на децата,“ рече Тошковски.

— реклама —

Министерот апелираше јавноста да биде свесна дека врсничкото насилство не е изолиран случај и дека е потребен системски пристап за негово долгорочно спречување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9bmtdpdg3r2l4VgftKa

(Вознемирувачко видео) Нов случај на врсничко насилство во Куманово: Три девојчиња брутално претепуваат врсничка

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryal90dteo6gu91F7c1x2

(Видео) Ја терале да клекне, ја тепале и снимале: ОЈО бара забрана насилниците да ѝ се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryal90dteo6gu91F7c1x2

Кривична за четири малолетници и пет родители за нападот врз 12-годишно девојче во Аеродром

Македонија | пред 2 седмици

media-library3nfq4hb6e37qeyhbjx4

„Наместо да го запрат насилството, ме навредуваа додека го бранев мојот син“, Мирчевска со потресна исповед за напад врз синот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања