Промени тема
Контакт

Трагедија во Австралија: напад од ајкула однесе млад живот, а маж се бори за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library2bause85ja1rbhREJmc
Скопје1.мк

Една млада жена загина, а маж е тешко повреден по напад од ајкула на источниот брег на Австралија. Инцидентот се случил утрово на плажата Кроуди Беј, во близина на Порт Маквори – популарно место за сурфање, околу 350 километри северно од Сиднеј.

— реклама —

Според полициските информации на Нов Јужен Велс, двете лица – за кои се верува дека се во дваесеттите години – биле нападнати додека биле во вода. Жената починала на самото место, и покрај обидите на минувачите да ѝ помогнат пред пристигнувањето на службите за итна помош. Мажот, кој исто така има сериозни повреди од каснување, со хеликоптер бил пренесен во болница и се наоѓа во критична состојба.

— реклама —

Плажата е затворена додека властите се обидуваат да утврдат која вид ајкула стои зад нападот. Според извршниот директор на Surf Life Saving NSW, Стивен Пирс, несреќата се случила на „многу оддалечена локација“, што дополнително го отежнало пристапот и интервенцијата.

„За жал, животот на млада жена беше изгубен, а еден млад маж се бори за живот. Ова се навистина ужасни настани, а годинава веќе имавме неколку вакви случаи“, изјави Пирс.

— реклама —

Австралија годинава брои пет смртни случаи од напади на ајкули. Ланската година имало 13 напади без фатален исход, додека 2023 година се регистрирани четири смртни случаи. Во 2020 година, седум лица загинаа по вакви инциденти.

— реклама —

Професорот Чарли Хувенеерс од Универзитетот Флиндерс за Guardian Australia изјави дека „во последните две децении се бележи пораст на бројот на напади од ајкули низ целата држава“, укажувајќи на тренд кој загрижува и научници и спасувачки служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygal299kgmbs391sF2Ow

(Видео) Австралија преплавена со молци: Она што изгледа како инвазија всушност е охрабрувачки знак

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Мајка во Австралија со нож ги нападнала децата во автомобил, починало петгодишно момче

Свет | пред 1 седмица

media-librarypiitdqq7ifci7cwo7aA

Трагедија во Австралија: Дете пронајдено мртво во автомобил, две деца и жена во критична состојба

Свет | пред 2 седмици

media-librarydemtnjl35n3j5M4Zl4G

(Видео) Човек во костим на Бетмен се искачи на Сиднејската опера

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања