Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Газа: 15-годишно момче загина во текот на доставата на хуманитарна помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
GAza

Петнаесетгодишниот Муханад Закарија Еид од Газа загина откако врз него паднала палета со храна и помош за време на воздушно доставување хуманитарни пакети, јавува „Ал Џезира“. Несреќата се случила во близина на коридорот Нетзарим, во момент кога расте меѓународната осуда на израелскиот план за преземање на најголемиот град во разурнатата енклава, каде засолниште имаат најмалку еден милион луѓе.

— реклама —
— реклама —

Снимките од местото, чии автентичност е потврдена од „Ал Џезира“, прикажуваат потресни сцени – луѓе кои се обидуваат да го реанимираат момчето, неговиот брат како го носи телото, а таткото во болницата „Ал-Авда“ во Нусеират. „И покрај гладот, брат ми отиде по помошта што со авион беше фрлена во морето. Кутии паднаа врз него и стана маченик“, изјавил братот за „Ројтерс“.

— реклама —
— реклама —

Организациите на ОН повеќепати предупредија дека воздушните испораки се опасни, неефикасни и скапи, барајќи од Израел да дозволи редовен дотур преку копнените премини. Владината медиумска канцеларија во Газа соопшти дека од почетокот на војната во октомври 2023 година, најмалку 23 лица загинале, а 124 се повредени за време на вакви испораки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygitprgec63i2cL9kHaz

(Видео) Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
gaza44

Нови израелски напади врз Газа, најмалку тројца Палестинци загинаа

Свет | пред 1 седмица

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 месец

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања