Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп бара милијарди долари оштета од Би-Би-Си и повлекување на документарецот „Панорама“ до петок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Американскиот претседател Доналд Трамп најави тужба против британската телевизија Би-Би-Си, барајќи милијарди долари оштета и повлекување на нивниот документарец „Панорама“ до петок, 14 ноември. Трамп ја обвини медиумската куќа за, како што рече, „измама на јавноста“ и „уредувачка манипулација“ на негов говор.

„Мислам дека имам обврска да реагирам. Тие ја измамија јавноста и самите го признаа тоа. И сето тоа доаѓа од земја која е наш сојузник,“ изјави Трамп во интервју за американската водителка Лори Инграм, додавајќи дека Би-Би-Си „од еден прекрасен и смирувачки говор направил да звучи радикално“.

— реклама —

Британските медиуми пренесуваат дека Би-Би-Си сè уште нема официјален одговор, но дека редакцијата стои зад документарецот, оценувајќи го како „новинарско истражување од јавен интерес“.

Скандалот предизвика силни реакции и оставки на највисоко ниво во корпорацијата — функциите ги напуштиле генералниот директор Тим Дејви и уредничката на документарниот оддел Дебора Торнтон, кои ја презеле одговорноста за „уредувачкиот пропуст што го нарушил јавниот интерес“.

— реклама —

Според британските извори, уште во јуни, веднаш по емитувањето на „Панорама“, независниот советник на редакцијата, Мајкл Прескот, испратил допис во кој предупредувал на проблематичната монтажа, но документот бил игнориран од уредништвото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

donald-tusk

Туск жестоко по Трамп: „Ова звучи како план од соништата на Путин“

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryjts5lir5mbbtdskv23z

Макрон му возврати на Трамп со ладна порака: „Не заслужува одговор“

Свет | пред 3 седмици

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Трамп ја засилува реториката за излез од НАТО, но законот од 2023 му ги врзува рацете – потпис ставил и Рубио

Свет | пред 3 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп го нападна Такер Карлсон: „Скренал од патот“ и „не е МАГА“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања