Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп го коментира заминувањето на Стармер: „Сериозно потфрли“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

По информациите дека британскиот премиер Кир Стармер во понеделник ќе поднесе оставка, реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп оцени дека Стармер сериозно потфрлил во две клучни области.

„Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство. Сериозно потфрли во две многу важни прашања – имиграцијата и енергетиката, односно нафтата од Северното Море“, напиша Трамп.

— реклама —

Од кабинетот на британскиот премиер во Даунинг стрит 10 утринава соопштија дека ставот на Стармер не е променет од петокот, кога вети дека ќе продолжи да се бори и да ја извршува својата функција.

— реклама —

Британскиот министер Питер Кајл изјави дека Стармер дел од викендот го поминал размислувајќи за „политичката реалност“.

Трамп и претходно во неколку наврати го критикуваше британскиот премиер, особено во врска со прашањата поврзани со Блискиот Исток. Во една од своите претходни изјави, американскиот претседател го нарече Стармер „слаб“, тврдејќи дека мора постојано да се консултира со својот тим пред да донесе одлуки.

— реклама —

Осврнувајќи се на можноста Обединетото Кралство да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток, Трамп порача дека на САД повеќе не им се потребни сојузници кои се приклучуваат во конфликти откако битките веќе се добиени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања