Промени тема
Контакт

Трамп: Го сакам Макрон, но нема да остане тука уште долго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
makron-tramp

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го одби повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на состанокот на Г7 во Франција.

На брифингот во Белата куќа, по повод годишнината од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, Трамп беше прашан дали ќе отпатува на самитот, на што одговори негативно, пренесува француската телевизија БФМ.

„Не, не би го направил тоа. Затоа што, знаете, Емануел нема да остане тука уште долго. Тој е еден од моите пријатели. Многу е симпатичен. Го сакам Макрон, но нема долго да се задржи, како што и вие знаете“, изјави Трамп.

— реклама —

Претходно, Макрон јавно го обвини Вашингтон дека „се обидува да ја ослаби Европа“, по најавите за воведување нови царински давачки кон земјите што го поддржуваат Гренланд, како дел од политиките поврзани со администрацијата на Трамп.

— реклама —

Во меѓувреме, Трамп објави снимки од екран на наводни приватни пораки што му ги испратил Макрон преку апликацијата „Сигнал“. Во пораките, францускиот претседател изразува недоразбирање околу потезите на Трамп поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок во Париз, во формат на Г7, по завршувањето на форумот во Давос, со можност на маргините да бидат вклучени и претставници од Украина, Данска, Сирија и Русија.

— реклама —

Според објавените снимки, Макрон го поканил Трамп и на вечера во Париз, но одговорот на американскиот претседател не е прикажан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryti09jkrb5nspbR08wAB

(Видео) Повеќе од 220 загинати во американските напади, ОН предупредуваат на можни злосторства против човештвото

Свет | пред 21 час

— реклама —
deportirani

Над 25.000 луѓе депортирани во трети земји преку тајни американски договори

Свет | пред 1 ден

media-libraryp6gadh67tn2kdE8GhFH

(Видео) Четири лица загинаа во американска операција против шверцери на дрога на Карибите

Свет | пред 2 дена

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Трамп воведе нови санкции за Русија, Медведев му одговори

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања