Промени тема
Контакт

Трамп: Им дадовме „божиќен подарок“ на ИСИС, секој камп беше уништен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американскиот воен напад насочен кон милитантите на Исламска држава во Нигерија првично бил планиран за среда, но по негова одлука бил одложен за еден ден.

— реклама —

„Требаше да го направат тоа порано“, изјави Трамп во разговор за „Политико“. „А јас реков: ‘Не, дајте им божиќен подарок’. Не очекуваа дека ќе се случи, но ги погодивме силно. Секој логор беше десеткуван“, рече американскиот претседател.

— реклама —

Трамп во четвртокот соопшти дека Соединетите Американски Држави извеле воздушни напади врз милитантите на Исламска држава на северозападот на Нигерија, како одговор на нападите на оваа група врз христијанското население во регионот.

— реклама —

„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Американски Држави изведоа силен и смртоносен удар против терористичкиот олош на ИСИС на северозападот на Нигерија, кој ги таргетира и брутално ги убива, првенствено, невините христијани, на нивоа какви што не се видени со години, па дури и со векови“, напиша Трамп во објава на платформата „Трут соушл“.

— реклама —

Командата на американската војска за Африка соопшти дека нападот бил изведен на барање на нигериските власти и дека во него биле убиени повеќе милитанти на Исламска држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 20 минути

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања