Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Трамп има најлош рејтинг на почетокот на неговиот мандат од кој било претседател во последните 70 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Помалку од еден месец од неговиот втор мандат, американскиот претседател Доналд Трамп има поддршка од 45 отсто од граѓаните, покажува новото истражување на Галуп спроведено од 3 до 16 февруари. Тоа е слична поддршка на 47 отсто по неговата прва инаугурација во јануари.

Популарноста на Трамп во специфичните области на кои најмногу се фокусираше во првите недели од неговиот мандат е исто така слична на неговата севкупна поддршка. Така, 46 отсто од Американците ја одобруваат неговата работа за имиграцијата, 44 отсто за надворешната политика, 42 отсто за надворешната трговија и 42 отсто за економијата. Тој е нешто послаб по прашањата за војната во Украина и за израелско-палестинскиот конфликт, каде има поддршка од 40 отсто од граѓаните.

— реклама —

Трамп сè уште има речиси целосна поддршка од републиканците - дури 93 отсто од нив ја одобруваат неговата работа, додека 37 отсто од независните гласачи и само 4 отсто од демократите го поддржуваат. Меѓу републиканците, Трамп исто така постигнува високи резултати за сите клучни прашања: имиграција (92 проценти), надворешна политика (90 проценти), економија (90 проценти), надворешна трговија (89 проценти) и ситуации во Украина и на Блискиот Исток (80 проценти).

Бројките за демократите се едвај забележливи - едвај достигнуваат неколку процентни поени за сите прашања, а ниту независните не се воодушевени, па поддршката се движи меѓу 31 и 40 отсто.

— реклама —

Јазот од 89 проценти во поддршката меѓу републиканците и демократите во моментов е еден од најголемите во историјата на мерењата на Галуп. Поголеми разлики беа забележани само во првиот мандат на Трамп во 2020 година, кога достигнаа 90 и 92 поени, додека Бајден беше најблиску со 88 поени разлика во октомври 2021 година.

Сегашниот рејтинг на Трамп е 15 процентни поени под просекот на сите претходни американски претседатели во февруари од нивната прва година на функција од 1953 година, но е пет поени повисок отколку во исто време за време на неговиот прв мандат.

За споредба, Бил Клинтон имаше поддршка од 51 отсто во февруари 1993 година, додека Џон Кенеди и Џими Картер уживаа поддршка од над 70 отсто.

— реклама —

Пред Трамп, разликата во поддршката меѓу партиските блокови во февруари од првата година од мандатот се движеше меѓу 21 и 60 поени. Во првиот мандат на Трамп оваа разлика скокна на 79 поени, се зголеми на 84 кај Бајден, а сега со Трамп достигна рекордни 89 поени.

— реклама —

[caption id="attachment_323209" align="alignnone" width="733"] Screenshot[/caption]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tramp-melanija

Откриена е причината за неочекуваното обраќање на Меланија Трамп за Епстин

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryhopu1a1oookucOk8hPc

Пукање за време на прославата на Денот на независноста во Њујорк: Осуммина ранети, меѓу нив четири деца

Свет | пред 8 часа

media-libraryua145uev5gti5vh1l9h

(Видео) Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Свет | пред 10 часа

Screenshot-2022-09-09-at-19.45.08

Кралот Чарлс му го честиташе Денот на независноста на Трамп

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања