Промени тема
Контакт

Трамп: Имаме голема флота кај Иран, размислувам да испратам уште една

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library8l0p1fi9icub5KYBHFn

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста за испраќање втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, како подготовка за можна воена акција доколку пропаднат преговорите со Иран. Изјавата ја даде во интервју за порталот „Аксиос“, во период кога САД и Иран ги обновија преговорите во Оман, првпат по 12-дневниот конфликт во јуни.

— реклама —

Трамп порача дека изборот е јасен – или ќе се постигне договор, или ќе следува многу остра акција. Тој додаде дека веќе има значително американско воено присуство во регионот и дека е можна дополнителна ескалација. Американски функционер потврди дека се воделе разговори за испраќање уште една носачка група, покрај онаа предводена од носачот „Абрахам Линколн“.

— реклама —
— реклама —

И покрај воениот притисок, Трамп изрази оптимизам дека е можен договор, оценувајќи дека Иран сега пристапува посериозно кон преговорите. Клучна точка на несогласување останува иранскиот став да се преговара исклучиво за нуклеарната програма, без откажување од збогатувањето ураниум.

— реклама —

Во ваков контекст, во Вашингтон пристигнува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека ќе ги претстави ставовите на Израел за преговорите со Иран, додека во исто време Иран ја засилува дипломатската активност преку контакти со Оман и Катар, клучни посредници меѓу Техеран и Вашингтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 1 ден

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања