Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Иран досега ќе имаше нуклеарно оружје да не го укинев договорот на Обама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран веќе би поседувал нуклеарно оружје доколку тој не го укинал нуклеарниот договор што го постигна администрацијата на Барак Обама.

— реклама —

Во објава на својата платформа „Трут соушал“, Трамп наведе дека светот денес би бил „целосно поинакво место“ ако не бил раскинат, како што го нарече, „ужасниот“ договор со Техеран.

— реклама —

„Иран ќе имаше нуклеарно оружје уште пред три години“, напиша Трамп, оценувајќи дека договорот бил „најопасната трансакција во која некогаш сме влегле“.

— реклама —

Тој ги обвини поранешниот претседател Обама и актуелниот претседател Џо Бајден за, како што тврди, создавање услови за зајакнување на иранската закана. На крајот од објавата, Трамп иронично си упати благодарност самиот на себе за одлуката да го раскине договорот.

Нуклеарниот договор со Иран, формално познат како Заеднички сеопфатен план за акција, беше постигнат во 2015 година меѓу Техеран и светските сили, но администрацијата на Трамп се повлече од него во 2018 година, повторно воведувајќи строги санкции кон Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 5 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања