Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Иран побара средба со САД, разговорите утре во Доха

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarysvffc27oj6didpTXe7P
screenshot x

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека претставници на Иран побарале состанок со американската страна и дека разговорите треба да се одржат утре во катарската престолнина Доха.

— реклама —

„Иран побара состанок. Ќе се одржи утре во Доха!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.

— реклама —

Најавата доаѓа откако Иран претходно се повлече од учество во техничките преговори во Швајцарија, по американските напади врз ирански цели. Подоцна, повеќе американски медиуми, повикувајќи се на неименувани американски претставници, објавија дека Техеран повторно покажал подготвеност за продолжување на разговорите.

Сепак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека состаноците на техничката работна група во рамките на меморандумот за разбирање не се закажани за оваа недела, пренесе иранската агенција Тасним.

— реклама —

Гарибабади нагласи дека консултациите меѓу Иран и Катар во врска со обврските на САД продолжуваат според предвидениот план, но дека разговорите на техничката работна група во Доха сè уште не се официјално потврдени.

Претходно, извор запознаен со разговорите изјави за Ројтерс дека иранските и американските тимови кои работат на спроведувањето на меморандумот за разбирање би можеле да се сретнат во наредните денови во Доха.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 15 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања