Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Иран се согласи на нуклеарни инспекции од највисоко ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран се согласил на „нуклеарни инспекции од највисоко ниво во иднина“, оценувајќи дека е постигнат значителен напредок во преговорите меѓу двете земји.

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека договорот ќе обезбеди „нуклеарна искреност“ и дека иранските власти направиле „големи отстапки“.

— реклама —

Тој истакна дека, врз основа на тоа, било одлучено Ормускиот теснец да остане отворен, додавајќи дека американските сили ќе ја задржат можноста повторно да воведат блокада доколку тоа биде потребно.

— реклама —

Американскиот претседател посочи и дека средствата што евентуално ќе бидат ослободени од американското Министерство за финансии ќе бидат префрлени на посебна банкарска сметка под контрола на САД и ќе можат да се користат исклучиво за набавка на храна и медицински производи за Иран.

„Разговорите напредуваат добро“, напиша Трамп, додавајќи дека низ Ормускиот теснец вчера поминале 19 милиони барели нафта, што според него претставува рекорд.

— реклама —

„Цените на нафтата паѓаат, а светот е многу побезбедно место“, наведе американскиот претседател.

— реклама —

Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги демантираше информациите за каква било средба со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, како и тврдењата дека е постигнат договор за инспекција на иранските нуклеарни постројки погодени во неодамнешните напади.

Со тоа, останува нејасно дали меѓу двете страни навистина е постигнат конечен договор за инспекциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-08-16-at-09.17.29

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста маса: Ќе разговараат за намалување на нуклеарното оружје

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Хаос во американскиот воздушен сообраќај: Што ги очекува Македонците што патуваат во САД?

Македонија | пред 5 часа

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 1 ден

media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања