Промени тема
Контакт

„Трамп, не благодарам“: Париз не се приклучува на новиот мировен одбор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
makron-tramp

Францускиот претседател Емануел Макрон не планира да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување кон предложениот „Одбор за мир“, изјавил за „Блумберг“ извор близок до францускиот лидер.

Според неименуваниот извор, Макрон смета дека нацрт-повелбата на одборот ги надминува прашањата поврзани со Газа и отвора сериозни дилеми, особено во однос на почитувањето на принципите и институционалната рамка на Обединетите нации, кои Франција ги смета за неприкосновени.

— реклама —

Извори запознаени со ситуацијата наведуваат дека неколку европски земји исто така добиле покана да се приклучат на одборот, а Доналд Трамп има намера конечната повелба и мандатот на телото да бидат потпишани во Давос, во четврток.

Сепак, одредени одредби во документот предизвикале сомнежи кај дел од поканетите држави околу тоа дали воопшто треба да го прифатат учеството. Дополнителна контроверзност предизвикува барањето на американската администрација земјите што сакаат постојано место во одборот да придонесат со најмалку една милијарда долари.

— реклама —

Според нацрт-повелбата на предложената група, во која „Блумберг“ имал увид, Доналд Трамп би бил првиот претседавач на одборот и би располагал со овластувања самостојно да одлучува за членството.

— реклама —

Критичарите предупредуваат дека со оваа иницијатива Трамп се обидува да изгради алтернативна меѓународна структура која би можела да стане ривал на Обединетите нации, организација што американскиот претседател со години јавно ја критикува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 дена

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 дена

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања